8 октомври, 2024
Делегација на НСДП – Нова социјалдемократска партија предводена од генералниот секретар Мики Милковски и претседателот на ОО НСДП Крива Паланка Влатко Ристовски и секретарот Дејан Пејчиновски по повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Крива Паланка положија цвеќе на споменикот на паднатите борци пред општината и присуствуваа на свеченостите по повод одбележувањето на “8 октомври” денот кога е ослободен градот.






