ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НСДП МИКИ МИЛКОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВФД И ФРП

16 јуни, 2023
Генералниот секретар на НСДП – Нова социјалдемократска партија Мики Милковски оствари средба со претставници на Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД) Дона Костуранова, директор во 🇲🇰 и Ветон Зеколи, програмски менаџер на ВФД и Гордан Георгиев, претседател на Форумот за разумни политики.
На средбата се разговараше за проектот кој заеднички го спроведуваат канцеларијата на Фондацијата за демократија Вестминстер и Форумот за развојни политики, “Практикувај демократија” поддржан од Британската амбасада во чии рамки ВФД работи на подобрување на довербата на граѓаните во институциите и политичките партии, како и за подобрување на транспарентноста во политичкиот сектор во земјата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство