22 февруари, 2024
Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП – Нова социјалдемократска партија генералниот секретар Мики Милковски, заедно со координаторот на НСДП – Регионален изборен штаб за Изборна единица 2 Благојче Јаќимовиќ присуствуваа на отворањето и промоцијата на Регионалниот изборен штаб на Европската коалиција предводена од СДСМ, во која учествува и НСДП, за Изборната единица 2 во општина Бутел.


На отворањето на штабот и промоцијата на шефот на РИШ за ИЕ.2 присуствуваа и шефот на ОИШ на НСДП-Гази Баба, Иван Трајковски, шефицата на ОИШ на НСДП-Ѓорче Петров, Маја Стојковска, секретарите на општинските организации и членови и симпатизери на НСДП.











