ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР МИЛКОВСКИ И ШЕФОТ НА РИШ ЗА ИЕ.2 ЈАЌИМОВИЌ НА ОТВОРАЊЕ НА ИЗБОРНИ ШТАБОВИ НА “КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ВО ЦЕНТАР, СРЕДОРЕК И СЕЛО ТРОМЕЃА ВО КУМАНОВО

29 март, 2024

Генералниот секретар на НСДП – Нова социјалдемократска партија и кандидат за пратеник во Изборната едонива 2 Мики Милковски, заедно со шефот на Регионалниот изборен штаб, Благојче Јаќимовиќ присуствуваа на отворање на промотивни изборни штабови на “КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА” предводена од СДСМ во урбаната заедница Центар, населбата Средорек и село Тромеѓа.


Милковски говореше за успесите на владеачката коалиција, за тоа колку капитални проекти се изградени во североистокот, за големиот број политики во социјалната сфера, за покачувањето на платите и други успеси.
Генералниот секретар на НСДП истакна дека само оваа коалиција носи мир и стабилност во државата, носи прогрес и интеграција. Оваа коалиција обезбеди месечен надоместок за стечајците, државна социјална пензија, социјална помош од 200 евра, додатоци за децата во основно образование и уште многу политики за подигање на стандардот на граѓаните.


После повеќе од 50 години комплетно е рехабилитиран коридорот 8 од Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце, Крива Паланка до Деве Баир. Во финална фаза на изградба е еспресниот пат од Страцин до Крива Паланка. Реконструирани училишта и детски градинки, реконструирани полициски станици и изградени модерни водоводни системи. Локална патна и канализациона мрежа е изградена во многу населени места.

Заради сето ова граѓаните треба да излезат масовно на 24 април и на 8 мај и да дадат поддршка за СТЕВО Пендаровски и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, да дадат глас за тие кои имаат план и држат до зборот и ветеното и ја движат државата напред.


Благојче Јаќимовиќ, претседателот на НСДП-Куманово, како член на Советот на општина Куманово говореше за иницијативите во Советот, за намерното нереализирање на проекти од општината во места каде оваа коалиција има голема поддршка. За блокирани проекти и дупови, за неефикасните локални јавни претпријатија и други локални проблеми кои треба да се решаваат во иднина, а сегашната постава на општинско раководство нема капацитет да се справува со реалните проблеми на граѓаните.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство