28 септември, 2024
Ефикасна комуникација, идеолошка јасност и внатрешна стабилност се од суштинско значење за иднината на политичките партии – беше заклучокот на менторскиот настан дел од програмата за транспарентност на политички партии во Северна Македонија на кој присуствуваше и говореше генералниот секретар на НСДП Мики Милковски.

Преставници на политичките партии се вклучија во дискусии за важноста на хоризонталната и вертикалната комуникација, идеолошкото репозиционирање и улогата на внатрепартиската демократија во одржување на стабилноста.
Настанот е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од ВФД а поддржан од British Embassy Skopje .












