ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР МИЛКОВСКИ ГОВОРЕШЕ НА ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ НА “КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА” ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ ВО КРИВА ПАЛАНКА

1 април, 2024

Милковски ги поздрави присутните во име на претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Горан Мисовски, кој е кандидат за пратеник во Изборната единица 3 на трето место.


Знамињата на канделабрите пред општинската зграда се веат слободно и се чувствува слободата во европска Крива Паланка, затоа што претседателот на НСДП заедно со други храбри луѓе од коалицијата се изборија за слободата и демократијата, на 24 декември 2012 ги штитеше новинарите од исфрлањето од Собранието, на 27 април 2017 година со своите животи ја бранеа демократската транзиција на власта и рушењето на режимот.
“Денес Крива Паланка е модерна, урбана, развиена општина. Годинава град на културата, инфраструктурно развиена, чиста со модерен дух, мал и уреден град”-рече Милковски
“Крива Паланка памети и времиња кога луѓето шепотеа, кога не можеа слободно да го кажат своето мислење, памети притисоци, уцени, закани. Памети лажни инвестиции како ВЕИБО ГРУП и најавени 5000 вработувања од кои нема ни трага ни глас, останаа само лажните списоци. Ги памети и детонатор и штанцањето на решенија во Центарот за социјални работи и изборните манипулации” – кажа Милковски.


“ВМРО-ДПМНЕ преку неподнесувањето на кандидатурата на Силјановска со граѓански потписи се откажа од граѓаните уште на почетокот на кампањата, се заплеткаа во нивната неорганизираност и злоупотреби, како нивен модел на однесување. Ги понижија граѓаните кои патувале и по 20, 30 или 40 км за да се потпишат за нивната кандидатка во подрачните единици на Министерството за правда”-истакна генералниот секретар на НСДП.
“Сега Крива Паланка ќе памети комплетно рехабилитиран и надграден коридор од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка и Деве Баир. Изградбата на еспресниот пат од Ранковце до Крива Паланка која е во финална фаза. Водоводни системи, локани патишта, реконструирани училишта и градинки и голем број на други проекти.
Најзаслужни за овој подем на североистокот се двајца битни луѓе од овој крај, министрите Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, и двајца успешни градоначалници Борјанчо Мицевски и Сашко Митовски, секако со подршка на Владата и меѓународните партнери.
Во Крива Паланка стечајците имаат надоместок со кој можат достоинствено да живеат до пензија, минималната плата веќе е 22.500 денари, просечната плата достигна 40.000 денари.
СДСМ, НСДП и коалицијата во трите големи кризи: ковид, енергетската и економската криза, не ги оставија на цедило граѓаните, малите и средни претпријатија, туку со повеќе од 1.5 милијарди евра ги помогнаа.
Оваа владина коалиција единствено ја движи државата напред кон Европската унија, со политики и мерки кои се ветуваат и се реализираат.
На 24 април и на 8 мај во Крива Паланка и Ранковце ќе има голема и убедлива победа за Коалицијата за европска иднина.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство