ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АДСДП ЗАРАН ЃОРГИЈЕВ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ ГО ПОСЕТИЈА СЕМЕЈСТВОТО ГРОЗДАНОВИ ВО КОЧАНИ

13 март, 2024

Генералниот директор на АДСДП Зоран Ѓоргијев и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес го посетија семејството Грозданови во Кочани.


Веднаш по објавувањето на сторијата на брачниот пар Грозданови и нивните 4 малолетни деца, АДСДП во интеракција со Владините институции, Комисијата за станбени прашања, Центарот за социјална работа и Црвениот крст максимално се вклучија во прибирањето на потребната документација и забрзување на постапката ова семејство што поскоро да добие социјален стан и да се обезбедат услови за пристоен живот.


Пред 2 месеца семејството доби Решение за распределен стан од 45м2.
Даниел Грозданов изрази голема благодарност до Министерот, Директорот и институциите.

Институциите се овде за да излегуваат во пресрет и ќе помагаме и понатаму во доменот на нашите надлежности ова 6 члено семејство да има подобри услови за живот – изјави Министерот Бочварски.
Грижата за најранливата категорија на граѓани останува основен приоритет на Акционерското Друштво и заради сериозното и брзо темпо на изградба на социјални станови, очекуваме овој проект да заврши до крајот на 2025 год. – изјави Генералниот директор Ѓоргијев.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство