ЕСНАФОТ ВО ЧАРШИЈА ШИРОКО ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ПЕНДАРОВСКИ

28 март, 2014

Средби на кандидатот за претседател на РМ, Стево Пендаровски, во Старата скопска чаршија и Битпазар

Stevo 1(1)
Еснафите во Старата скопска чаршија и на Битпазар се жалат на тешка живеачка.

Се помалку се заработува. Се потешко броиме, коментираше еден дуќанџија додека го пребројуваше дневниот промет, за кој вели дека не стигнува ни да го помине денот.

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски говореше за неговата визија за Македонија. Им рече дека во оваа земја може да се живее подобро.

-Решен сум да ги искористам сите надлежности на претседателот на државата, за да ги заштитам интересите на граѓаните на Република Македонија, на сите граѓани на оваа земја, без разлика на политичката, националната, верската или друга припадност.

Пазарџиите не ја криеја поддршката за Пендаровски. Претседателскиот кандидат таму беше пречекан со бројна присутност и интерес и од дуќанџиите и од минувачите.

Вие имате сила да работите за Македонија, ние сме горди што имаме ваков претседателски кандидат, коментираа граѓаните.

Тие зборуваа и за нивната најголема мака, заминувањето на нивните деца од Македонија поради немаштијата во земјава.

Се помалку чираци имаме бидејќи нашите деца си заминуваат, немаме на кого да го предадеме занаетот, се жалат занаетчиите.

-Ние мораме да го спречиме иселувањето на младите од земјата, не смееме да дозволиме да останеме држава без народ. Тоа ќе биде мојата основна заложба. Ние повеќе немаме граѓани за губење, порача кандидатот за претседател, Стево Пендаровски во средбите со граѓаните.

Stevo 4 Stevo 8

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство