ЕМИЛ НИКОЛОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП-ЦЕНТАР НА ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

30 октомври, 2022
На ден 29 октомври 2022 година во салата на Советот на општина Центар се оддржа Изборна конференција на општинската организација на НСДП-Центар.
Емил Николовски, дипломиран економист и досегашен претседател на општинската организација повторно беше избран да ја води НСДП-Центар, исто така беа избрани и Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.
На конференцијата свое обраќање до делегатите имаше претседателот на НСДП Горан Мисовски, а присутни беа и потпретседателката Соња Мираковска, генералниот секретар Мики Милковски, организацискиот секретар Венцо Вуинов и секретарот за меѓународна соработна Марјан Дамјановски.
Изборот беше извршен со тајно гласање од страна на триесетина делегати од општина Центар.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство