ЕМИЛ НИКОЛОВСКИ И МАЈА СТОЈКОВСКА УЧЕСТВУВАА НА КОНФЕРЕНЦИЈА: “НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА – РЕШЕНИЈА ЗА ПОГОЛЕМО ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ”

15 февруари, 2024

Политичките партии ќе имаат предизвик во одржување на претставничката демократија, доколку не преземат мерки да ја засилат и охрабрат улогата на жените во политиката.


Претставници на политички партии во присуство на експерти, организации и претставници од меѓународниот дискурс, ги презентираа досегашните но и идни заложби кои планираат да ги остварат во следниот период за да го унапредат политичкото учество на жените.
Конференцијата “Насилство врз жените во политика – решенија за поголемо политичко учество на женитe” послужи како платформа за дискусија на влијанието на медиумските наративи врз насилството врз жените во политиката, да се идентификуваат бариерите што преовладуваат во земјата и да се изнајдат ефикасни решенија за зајакнување на застапеноста на жените во политиката.


Почесна гостинка со свое обраќање на настанот беше пратеничката од Британскиот парламент г-а Јасмин Куреши. Таа истакна позитивни пракси од Велика Британија кои можат да бидат добар пример во заедничкиот напор за борба против родово базираното насилство и зајакнување на застапеноста на жените во политичките сфери, како и за зголемување на свеста и поттикнување на проактивни мерки во државата.
ВФД ја организираше конференцијата во соработка со Институтот за комуникациски студии, а со поддршка од British Embassy Skopje во Скопје.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство