Драги Крстев: Мнозинството одби заштита од поплави – граѓаните повторно оставени сами!

27 февруари, 2026
На денешната седница на Советот на општина Битола, предлог-одлуката за заштита од поплави во приградските и градските населби, предложена од советниците на НСДП и СДСМ, не беше изгласана од мнозинството на ДПМНЕ, ЗНАМ и нивната коалиција.
Предлогот содржеше конкретни мерки:
✔️ чистење и продлабочување на каналите
✔️ превентивни активности пред врнежливи периоди
✔️ задолжување на јавните претпријатија за итна реакција
✔️ координација со месните заедници и институциите
Ништо од ова не беше „политика“. Ова беше заштита на домовите, нивите и безбедноста на граѓаните.
По поплавите во Логоварди и другите населени места, наместо системско решение – добивме молк и одбивање.
❗ Истите тие што гласаат за поскапувања од 30% до 100%, денес не најдоа волја да гласаат за превенција од поплави.
Прашањето е едноставно:
Колку штета треба да се случи за конечно да се преземат мерки?
Граѓаните заслужуваат безбедност, а не изговори.
Битола заслужува одговорна локална власт.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство