Додека Груевски е на слобода ќе има политичко самоволие и неизвршување на судски наредби

21 октомври, 2016

Соопштение за медиумите и јавноста:

6

Шефот на централниот изборен штаб на НСДП, Горан Мисовски, во пресрет на предвремените парламентарни избори продолжува со средбите со локалните партиски раководства.

Вчера во Гостивар се одржа регионална средба со претседателите на општинските организации од шестата изборна единица, на која шефот на изборниот штаб беше информиран за активностите кои се преземаат од локалните организации во пресрет на изборите.

„Како што се наближуваат изборите така се повеќе се разобличува криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и паниката во нивните редови е се поочигледна. Драмата во УБК, односно опструкциите со неизвршувањето на судските наредби и упадот кој го извршија преку нивните партиски послушници во МВР, само зборува за политичкиот очај на врхушката.

Се додека Никола Груевски е на слобода и седи во „белата куќа“  изградена со пари од сомнително потекло, ќе продолжиме да гледаме политичко самоволие, неизвршување на судски наредби, притисоци врз јавната администрација и  притисоци врз судиите кои што треба да одлучуваат по предметите на СЈО, а со кои се обелодени криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

На секој граѓанин веќу му е јасно за тоа како фамилијата успеала да ја подреди државата и да изгради системен на грабеж на народните пари, притоа без да биде санкционирана.

Но времињата се менуваат, се ближи  моментот кога ќе одговараат, не само политички, туку и правно“, рече Мисовски на средбата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство