ДОЦ.Д-Р ПРЕДРАГ ТРПЕСКИ: Коце Трајановски ги задолжува Скопјани 5 милиони евра

21 јануари, 2014

Изјава за медиуми, Совет на Град Скопје, доц.д-р Предраг Трпевски, советник во град Скопје од НСДП

predrag_21_jan

Почитувани,

Градоначалникот Трајановски денес повторно предлага да донесеме одлука за задолжување на градот Скопје преку издавање општински обврзници за изградба на подземната сообраќајница.

Ова е повторување на одлуката од минатата година кога градот воопшто не успеа да изнајде финансии ниту да го започне овој значаен капитален проект.

Советниците од Сојузот за иднината сметаат дека во овој момент нема никаква потреба од нови задолжувања за Градот Скопје затоа ние предлагаме средствата наменети за овој значаен капитален и витален проект за граѓаните на Скопје  да се обезбедат од прераспределба на средствата од буџетот на Градот Скопје за 2014 година наменети за панорамското тркало барокните фасади и неколку други непотребни проекти.

Со ова градот нема да де задолжи за дополнителни 5.000.000 евра и ќе се избегне плаќањето на камати со парите на граѓаните на Скопје.

Подземната сообраќајница е капитален проект на градот Скопје. Тој е приоритет на граѓаните на Скопје и мора да биде приоритет градоначалникот Трајановски. Овој проект мора да добие предност пред панорамски тркала, барокните фасади и други непродуктивни трошоци.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство