11 мај, 2015
Делегација на Општинската организација на НСДП од Битола предводена од г-ѓа Галена Василевска, член на Извршниот одбор, г-дин Филип Ивановски, член на Извршниот одбор на ОО НСДП Битола и г-ца Андријана Милојевиќ, Претседател на ЛК НСДМ Битола, положија свежо цвеќе пред споменикот на бранителите „Ангел“ во Битола во паркот кај Градскиот часовник во чест на починатите бранители во Куманово.
Учествуваа претставници и од другите политички партии, здруженија на граѓани, бранители учесници во војната во 2001 година и граѓани кои запалија свеќи и положија свежо цвеќе.