ДЕЈАН ПЕЈЧИНОВСКИ ИЗБРАН ЗА СЕКРЕТАР НА ОО НА НСДП-КРИВА ПАЛАНКА

29 септември, 2023
Извршниот одбор на ОО НСДП Крива Паланка го избра Дејан Пејчиновски за секретар на општинската организација.
Претседателот Влатко Ристовски ги иформираше присутните за активностите на општинската организација на ликално ново, како и за заклучоците на Централниот одбор на партијата кој се одржа во Струга.
Генералниот секретар Мики Милковски му честиташе на новоизбраниот претседател и истакна дека во Крива Паланка со комплетирање на раководатвото на општинската организација очекува повисок степен на активности и значајно учество во креирањето на локалните политики.
НСДП организациски се зајакнува и подготвува за престојните претседателски и парламентарни избори. Во следниот период се организираат две големи трибини, Конгрес на НСДМ, Конференција на Организацијата на жените и одбележување на 18 роденден на НСДП – Нова социјалдемократска партија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство