6 октомври, 2025
Даниела Ивановска кандидат за советник од НСДП – Нова социјалдемократска партија заедно со носителот на советничката листа од СДСМ и Коалицијата, Вуко Мелов, денес на пазарот во Кавадарци

Се сретнавме со многу наши сограѓани вредни, чесни и искрени Кавадарчани.
Луѓе кои секојдневно се борат со животот, но не ја губат надежта.
Го слушнавме нивниот глас, нивните маки, проблеми, но и нивните очекувања за подобро Кавадарци.
Разговорите беа искрени, полни со емоција и љубов кон градот.
Секоја рака што ја стиснавме е потсетник зошто се бориме. За достоинствен живот, за правда, за општина која ќе се грижи за своите луѓе.
Како советничка група на СДСМ, НСДП и Коалицијата, ќе продолжиме гласно и посветено да ги застапуваме интересите на сите граѓани на Кавадарци.
Вашите зборови се наш поттик!
Вашите маки – наша обврска!
Заедно, со искреност и срце, чекор по чекор, ќе го направиме Кавадарци подобро место за живеење!










