21 февруари, 2026
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик “21 февруари”, НСДП упатува честитка до сите граѓани, со силна порака за почит и одговорност кон македонскиот јазик – нашиот идентитет, нашата култура и нашата духовна татковина.
Големиот македонски поет и кодификатор на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески, ни порача:
„Јазикот е единствената наша татковина.
Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме,
го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината.
Како куќа, како дом, како огниште.“

А таткото на современата македонска национална мисла, Крсте Петков Мисирков, нè потсетува:
„Јазикот и верата се душата на еден народ.“

Овие мисли се наша обврска и патоказ. Македонскиот јазик е жив сведок на нашето историско траење и културна посебност. Да го чуваме, негуваме и унапредуваме – со гордост, знаење и одговорност кон идните генерации.
НСДП останува цврсто определена за заштита и афирмација на македонскиот јазик како темелна вредност на нашето општество.
Да го чуваме јазикот – за да се сочуваме себеси.
Нека е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик!





