25 февруари, 2017
Соопштение за јавноста и медиумите:
НСДП денес во Даре Џамбаз во Скопје ја одржа 11тата седница на Централниот одбор на која беше разгледан и усвоен Извештајот од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година.
Во пресрет на претстојните локални избори на седницата беше усвоен Правилник за постапката и критериумите за предлагање на кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и на Градот Скопје, од страна на општинските организации на НСДП.