ЧЕТВРТА ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЖЕНИТЕ НА НСДП, ФРОСИНА СТЕВАНОВИЌ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

7 ноември, 2023
Во недела на 5 ноември 2023 година во хотел Хилтон во Скопје се одржа Четвртата конференција на Организацијата на жените на НСДП.
На Конференцијата присуствуваа 250 делегатки од целата држава, раководството на партијата, како и гости од Форумите на жените на СДСМ и ЛДП.
За претседателка на Организацијата на жените беше избрана Фросина Стевановиќ, дипломирана правничка од Куманово.

Исто така беше избран и Централен одбор на Организацијата на жените со 36 членки.
Беше донесен нов Статут на ОЖ кој го образложи потпретседателката на НСДП, Јулијана Цековска.
Поздравен говор одржаа претседателот на НСДП, Горан Мисовски, првата претседателка на ОЖ и потпретседателка на НСДП, Соња Мираковска.
        
                                                 
 На крајот говор одржа и новоизбраната претседателка на ОЖ на НСДП, Фросина Стевановиќ, која се заблагодари за добиената доверба, за храброста и одважноста на жените делегатки, за позитивната енергија и успешно организираната Конференција.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство