2 август, 2026
Најискрени честитки до сите граѓани по повод 2 Август – Илинден, најсветлиот празник на македонскиот народ и темел на нашата државност.

На овој ден со гордост се сеќаваме на Илинденското востание од 1903 година, кога илинденците ја создадоа Крушевската Република – највисокиот дострел на нивната борба за слобода, правда и еднаквост.
Со еднаква почит им оддаваме признание и на борците од Народноослободителната борба, кои преку својата жртва ја извојуваа слободата, а на Првото заседание на АСНОМ беа поставени темелите на современата македонска држава.
Илинден е симбол на непокорот, достоинството и вековниот стремеж за слобода. Тој нè обврзува да ги чуваме и негуваме идеалите на илинденците и партизаните, да ја зајакнуваме демократијата, солидарноста и правдата и да изградиме модерна, европска и просперитетна држава во која новите поколенија ќе живеат достоинствено и слободно.
Нека е вечен Илинден!
Честит 2 Август – Денот на Републиката!





