9 мај, 2026
НСДП го честита 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Македонија преку Народноослободителната борба застана на страната на антифашизмот и слободата, давајќи значаен придонес во победата над најголемото зло на 20 век.
Партизаните ја извојуваа слободата и ги поставија темелите на современата македонска држава, како за македонскиот народ, така и за сите граѓани кои живеат во неа.
Токму затоа, нашето природно место е во обединета, демократска и антифашистичка Европа. 






