БЛАГОЈЧЕ ЈАЌИМОВИЌ: ПОДДРШКА ДА СЕ СТАВИ ТОЧКА НА ДНЕВЕН РЕД ЗА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧИЊАТА

25 октомври, 2022
Советникот Благојче Јаќимовиќ од НСДП – Нова социјалдемократска партија рече дека тие се подготвени да изготват амандман доколку точката се најде на дневен ред, и побара од советниците да ја поддржат идејата бидејќи е во интерес на граѓаните.
„Доколку имате воља да ја поддржите точката не мора амандмански да се интервенира, градоначалникот како предлагач на ребалансот на буџетот има право да го прифати предлогот. Ребалансот е стокмен, но ние имаме предлог од каде да се префрлат парите и ќе го образложиме тоа. Прашање е само дали постои добра воља од вас како мнозинство да прифатите точката да се најде на дневен ред. Битно е да се отвори расправа и да ги кажеме нашите аргументи“, кажа Јаќимовиќ.
Повеќе на следниот линк на: kumanovonews.mk

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство