Апостолска во посета на компанијата „Амикамика“: Планот за економски раст испорачува реални ефекти во поттикнување на инвестициите, технолошкиот разој и зајакнување на конкурентноста

16 декември, 2019

Инвестициите во нова опрема и машини, унапредувањето на производствениот процес преку подигнување на нивото на автоматизација која го прави „Амикамика“, претставува пример за реалните ефекти кои ги испорачува владиниот План за економски раст во делот на поттикнување на инвестициите, технолошкиот разој и зајакнување на конкурентноста на македонските компании, порача министерката Зорица Апостолска при денешната посета на „Амикамика“ во Крива Паланка, компанија која годинава има склучено договор за користење на мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Задоволство е да се види како домашните компании растат и се развиваат, како се трансформираат од трудо интензивни во капитално интензивни дејности, особено кога тоа се случува во текстилната индустрија. Владата спроведува активни политики на финансиска поддршка на компаниите во следењето на технолошките трендови и нивно прифаќање во производствените процеси, што значи зајакнување на конкурентноста, развој на напредни менаџерски вештини и отворање на добро платени работни места достапни за граѓаните. Радува фактот што компаниите ја препознаа оваа можност и годинава се зголеми бројот на корисници на мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од 97 во 2018 година на 120 нови договори и 51 анекс на договор кои годинава беа потпишани со домашни и странски компании“, рече министерката Апостолка, притоа изразувајќи уверување дека примерот на „Амикамика“ ќе го следат и други текстилни компании преку технолошко унапредување да го намалат степенот на зависност од трудо интензивните процеси на производство.

На средбата со министерката Апостолска од менаџментот на компанијата информираа дека реализацијата на инвестицискиот проект, кој е поддржан со мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, се состои од нови и најсовремени машини и опрема кои допринесуваат за зголемување на продуктивноста на вработените и квалитетот на финалните производи, што им овозможува остварување на стабилност во производството и сигурна понатамошна работа.

Посетата на компанијата министерката Апостолска ја искористи и да направи обиколка на фабриката и да се запознае со производствениот процес. „Амикамика“ е текстилна компанија од Крива Паланка која произведува машки и женски панталони за клиенти од Германија и Белгија. Со четири производствени линии во компанијата се вработени 150 лица.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство