Апостолска: Со мерката „Мој ДДВ“ граѓаните стануваат партнери на државата во борбата против сивата економија

21 јули, 2019

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во Прилеп се вклучи во промотивната кампања која Управата за јавни приходи ја реализираше за мерката „Мој ДДВ“, преку која граѓаните од 1 јули годинава добија можност да остварат поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.


Министерката Апостолска разговараше со повеќе граѓани за примената на оваа мерка и за бенефициите кои истата ги носи за нив, нивните семејства и државата.

„Мерката поврат на 15 отсто од ДДВ е значајна и за државата и за граѓаните. Ова е за прв пат државата да враќа пари директно назад кај граѓаните и дава можност за плата плус за секое семејство на крајот од годината“ рече министерката Апостолска, притоа додавајќи дека можноста која им стои на на располагање на граѓаните произлегува од посветените напори на Владата за обезбедување на напредок, економски раст и повисок животен стандард.

Осврнувајќи се на резултатите од спроведувањето на мерката, министерката Апостолска нагласи дека граѓаните се мотивирани, пријавуваат нерегуларности, си ги барааат и скенираат своите сметки.

„Фискалните сметки повеќе не се само парче хартија за потрошените пари на граѓаните, туку ги потсетува и на парите кои ќе им се вратат како заштеда“, истакана министерката Апостолска.

Зборувајќи за позитивините ефекти кои преку спроведувањето на оваа мерка се очекува да се остварат во напорите за сузбивање на сивата економија, министерката Апостолска оцени дека тоа е од суштинско значење за обезбедување на стабилен и предвидлив деловен амбиент, исполнет со лојална конкуренција, што пак има значајно влијание и врз мотивацијата на странските инвеститори да реализираат инвестициски проекти.

„Преку оваа мерка внесуваме и дополнителен елемент во механизмот за справување со сивата економија во земјава, го зголемуваме опфатот на субјектите кои придонесуваат во буџетот и дополнително ги стимулираме компаниите да инвестираат затоа што преку елиминирање на нелојалната конкуренција им нудиме предвидливо и стабилно пазарно опкружување“, рече министерката Апостолска и порача дека преку мерката поврат на 15 отсто од ДДВ граѓаните стануваат партнери на државата во борбата против сивата економија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство