Известување од VI-тата ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА на Локалниот клуб на НСДМ-Битола:
Почитувани,
Ве известуваме декa Локалниот клуб на НСДМ – Битола во просториите на хотел Милениум, ја одржа VI – та редовна ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА со ПЕДЕСЕТ ДЕЛЕГАТИ, на која во статутарна процедура и потполно демократски процес беше избрано ново раководство на Локалниот клуб на НСДМ – Битола.
Изборната Конфенреција ја водеше досегашниот Претседател на млади на ЛК НСДМ – Битола, Г-дин Филип Ивановски, а беа присутни претседателот на НСДП, Тито Петковски, потпретседателот, Горан Мисовски, секретарот за меѓународна соработка Љубомир Јосифовски, претседателот на НСДМ, Тамара Баара, како и претседателот на ОО на НСДП-Битола.
За нов претседател на Локалниот клуб на НСДМ – Битола, од страна на делегатите, со мнозинство на гласови, беше избрана АНДРИЈАНА МИЛОЈЕВИЌ – студент, а воедно беше избран и нов ИЗВРШЕН ОДБОР.
На конференцијата говореа поранешниот претседател на ЛК на НСДМ Битола, Филип Ивановски, претседателот на НСДМ, Тамара Баара, новиот претседател на ЛК на НСДМ Битола, Андријана Милојевиќ, Претседателот на ОО на НСДП Битола, Драги Крстев и претседателот на НСДП, Тито Петковски.
Новата претседателка на ЛК на НСДМ – Битола, Андријана Милојевиќ е родена на 15.12.1993 година, студент е на Меѓународниот Славјански Институт – отсек психологија, активно говори англиски јазик, била учесник на повеќе семинари, обуки и работилници а исто така е член на повеќе невладини организации