Ацевски за МАКТЕЛ: Скандалозно е да се даваат 10,6 милиони евра за барокна фасада

15 јануари, 2014
Изјава за порталот maktel.mk на Потпретседателот на НСДП, проф.д-р Николче Ацевски: 
nikolce_press_bt_17_april1
Од Мактел побаравме мислење од професорот по енергетика и пратеник од НСДП, д-р Николче Ацевски, за тоа дали е нормално МЕПСО да се задолжува за одржување на постојната енергетска мрежа, а притоа да фрла милиони евра на барокни фасади.
„Навистина е скандалозно да се даваат дури 10,6 милиони евра за барокна фасада, која ќе се гради над веќе постоечката, а со цел објектот на МЕПСО да се вклопи во најблиската околина, која целата е во барок, кога со тие пари може да се изградат, или во најмала рака да се реконструираат и ревитализираат десетици километри од постојните далеководи во Македонија. На тој начин ќе се зголемеше довербата во електроенергетскиот систем на Македонија, ќе се намалеше бројот на испади заради застареноста на преносната мрежа, која некаде е постара и од 40 години и ќе се подобреше квалитетот на електричната енергија,“ вели Николче Ацевски за Мактел.
Според него, „во најмала рака ако МЕПСО мораше да се задолжува, тогаш долгот ќе беше 15 милиони евра, а не 25 милиони.“

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство