МИРАКОВСКА ПРЕТСЕДАВАШЕ СО СОСТАНОКОТ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА

2 ноември, 2026

Во Собранието се одржа состанок на Работната група за следење на имплементацијата на Законот за матичната евиденција, со кој претседаваше пратеничката од НСДП, Соња Мираковска.

Целта на Работната група е да ја следи примената на законските одредби, да ги разгледува предизвиците и проблемите со кои се соочуваат институциите во спроведувањето на законот, како и да придонесе кон изнаоѓање соодветни решенија за негово доследно и ефикасно спроведување.

Посебен акцент во работата е ставен на остварувањето на правото на упис во матичната книга на родените на лицата кои досега не биле евидентирани, со што се овозможува регулирање на нивниот граѓански статус и пристап до основните права и услуги. Овој процес е особено значаен за спречување на бездржавјанството и обезбедување правна сигурност и еднаков третман на сите граѓани.

Во рамки на активностите, Работната група има за цел да ја унапреди координацијата меѓу надлежните институции, да ги идентификува евентуалните административни и практични пречки и да ги следи постигнатите резултати во спроведувањето на законските решенија.

Со измените на Законот за матичната евиденција, донесени во јуни 2023 година, се создадоа законски услови за олеснување на постапката за упис на лицата кои не биле евидентирани во матичната книга на родените. Со тоа се прави значаен чекор кон обезбедување правен идентитет и овозможување на овие лица целосно да ги остваруваат своите права.

Работата на оваа група претставува важен механизам за парламентарен надзор и следење на практичната примена на законските решенија, со цел надминување на утврдените слабости и обезбедување ефикасна имплементација на законот.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство