8 октомври, 2026
Делегација на НСДП во состав Мики Милковски. генерален секретар на НСДП, Влатко Ристовски претседател на ОО НСДП-Крива Паланка и Горан Младеновски, претседател на ОО НСДП-Ранковце, денеска положи цвеќе и оддаде почит на хероите кои ги дадоа своите животи за слободата на Крива Паланка.

82 години слободна Крива Паланка се 82 години историја, борба, развој и живот.
Да го чуваме споменот на борците и вредностите на слободата, солидарноста и антифашизмот и да продолжиме заедно да се бориме за развој и подобар живот за граѓаните.
Честит празник, Крива Паланка!





