КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП

4 октомври, 2026
Вчера во Скопје се одржа Првата (конститутивна) седница на Централниот одбор на НСДП во седмиот состав, мандат 2026-2030 година.
На седницата беше донесен Деловникот за работа на Централниот одбор на НСДП, а беа избрани членовите на Извршниот одбор на НСДП, генерален секретар, потпретседатели и други секретари.
За генерален секретар на НСДП избран е м-р Мики Милковски, кој и до сега ја извршуваше истата функција.
За потпретседатели се избрани:
1️⃣Соња Мираковска од Скопје
2️⃣Зоран Маневски од Куманово
3️⃣Др.Венцо Вуинов од Виница
4️⃣Драги Крстев од Битола.
За организациони секретари беа избрани Зоран Георгиев од Битола и Иван Трајковски од Скопје.
За секретар за меѓународна соработка избран е Марјан Дамјановски од Скопје.
Во Извршниот одбор на НСДП беа избрани 17 членови.
🟡СИЛНО❕️⚫️ОДГОВОРНО❕️🔵ЧЕСНО!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство