Честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената

8 март, 2026

По повод 8 Март, НСДП упатува искрени честитки до сите жени, со длабока почит кон нивната сила, храброст и посветеност во семејството, работата и општеството.
Овој ден е потсетник дека борбата за еднаквост, достоинство и почитување на правата на жените не е завршена. Потребно е постојано да се залагаме за општество во кое жените ќе бидат безбедни, ценети и рамноправни, а нивниот труд вистински вреднуван.
Во време кога сè почесто се соочуваме со случаи на семејно насилство, општеството мора гласно и одлучно да се спротивстави на оваа појава. Потребна е силна и системска заштита на жените, ефикасни институции и јасна порака дека насилството врз жените нема место во едно демократско и праведно општество.
Исто така, живееме во време на бројни предизвици во светот, конфликти и војни во кои многу жени и мајки страдаат, затоа нека “8 Март” нè потсети и на значењето на солидарноста, почитта и мирот, како темели на едно поправедно и похумано општество.
🌼 Честит 8 Март❕️

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство