19 декември, 2025
НСДП оценува дека резолуцијата изгласана од пратеничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не е ниту случајна, ниту безначајна. Станува збор за сериозен политички чекор кој отвора опасен преседан и директно ги загрозува демократските стандарди, слободата на говор и уставниот поредок.

Во услови кога јавноста бара одговори за значајни меѓународни договори и големи финансиски обврски на државата, власта наместо транспарентност избира притисоци и обиди за ограничување на јавната дебата. Наместо отворен дијалог, се создава атмосфера на страв и замолчување.
За овие прашања не зборува само опозицијата. За нив известуваат и странски медиуми, а и претставници на Владата потврдија дека крупни инфраструктурни проекти се дел од пошироки договори со Обединетото Кралство.
Граѓаните со право очекуваат јасни одговори: под кои услови се склучуваат овие договори, какви обврски презема државата и што добива за возврат за кредитите од 6 милијарди евра.
НСДП смета дека обидите за ограничување на слободата на говор и јавната расправа се недозволиви во демократско општество и ќе продолжи да се залага за транспарентност, владеење на правото и заштита на интересите на граѓаните.





