ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СРЕДБА СО ОПШТИНСКИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ НА НСДП ВО БИТОЛА

15 октомври, 2025
Вечерва пред големиот централен митинг во Битола на “СДСМ и Коалицијата” се одржа средба во партиските простории на НСДП во Битола на која присуствуваа претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Goran Misovski и потпретседателката и пратеничка, Соња Мираковска и раководството на општинската организација.
НСДП на овие локални избори во Битола настапува со кандидат за советник на заедничката советничка листа на СДСМ и Коалицијата, потпретседателот на НСДП, Драги Крстев.
На средбата беа споделени позитивните импресии од Промоцијата на кандидатот за советник Драги Крстев и кандидатот за градоначалник Методија Куновски организирана од НСДП Битола, која се одржа минатата недела во Битола во НУ “Завод и музеј Битола”.
Претседателот на ОИШ Филип Ивановски информираше за активностите на НСДП како дел од коалицијата и подготовките за централниот митинг и изборниот ден.
НСДП со сите свои капацитети учествува во промоцијата на програмата на коалицијата, на кандидатот за градоначалник и советничката листа.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство