14 октомври, 2025
ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки за комуналии!
„Ќе беше добро да имам што да кажам дека направил градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, барем нешто со што ви го подобрил и олеснил животот, за да не помисли повторно Мицкоски дека го мразам. Но, во Виница денес ништо нема од тоа што се ветувало. Нема спа-центар во село Истибања, нема туристичка викенд-населба на Плачковица, нема локален пат Трсино – Голак, нема нова индустриска зона во Поповец, нема нов булевар, нов локален пат, индустриска зона – апсолутно ништо, никаков проект“, рече лидерот на СДСМ и Коалицијата, д-р Венко Филипче.
Наместо развој, денеска Виница има јавни претпријатија кои тонат во долгови и град полн со смет, повисоки комунални давачки и повисоки стапки за данок на имот.











