МИЛКОВСКИ И МЛАДЕНОВСКИ СО ГРАЃАНИТЕ, ЗА РАНКОВЦЕ ШТО ЧЕКОРИ НАПРЕД!

13 октомври, 2025
Генералниот секретар на НСДП, Мики Милковски, заедно со кандидатот за градоначалник на СДСМ и НСДП во Ранковце, Даниел Крстевски, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, носителката на советничката листа Ангела Марковска, кандидатот за советник од НСДП и претседател на општинската организација на НСДП – Ранковце, Горан Младеновски, денес беа меѓу граѓаните на Ранковце.
Тимот ги посетуваше Ранковчани од куќа до куќа, разговарајќи со секој еден жител – искрено, лице в лице, за проблемите и потребите на нашата општина.
Нашата визија е јасна: Ранковце да стане модерна, функционална и развиена општина што обезбедува брзи, ефикасни и квалитетни услуги за сите граѓани.
🔹 Сакаме:
-Општина што ги задржува младите,
-Општина што е транспарентна, отчетна и отворена,
-Општина што работи со граѓаните и за граѓаните!
🏗️ Наши приоритети:
✅ Инвестиции во безбедни улици
✅ Изградба на нова градинка
✅ Нови можности за младите
✅ Искрена, чесна и посветена работа во интерес на сите!
✊️ Да го поддржиме Даниел Крстевски – кандидат за градоначалник
и советничката листа со носителката Ангела Марковска!
🗳️ Гласаме масовно за број 5️⃣ – за Ранковце, се бориме за нашиот дом!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство