МИСОВСКИ НА ПРОМОЦИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА

3 октомври, 2025
Претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Горан Мисовски, со потпретседателката Соња Мираковска, претседателот на НСДП-Кисела Вода и кандидат за советник во општината Зоран Георгиевски и Емил Николовски кандидат за советник во град Скопје присуствуваа на промоцијата на кандидатот за гадоначалник и советничката листа во Кисела Вода, како и промоција на Каја Шукова и советничката листа за град Скопје.
🟦Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода: “Вечерва од срце зборував за нашата општина – за проблемите што ги гледаме секој ден, но и за надежта што ја носиме во себе. Јас сум ваш сосед, ваш сојузник, човек кој израснал овде и кој верува дека Кисела Вода може и мора подобро!
🟨Во последните години видовме многу празни ветувања, но време е тоа да се смени. Не ветувам чуда, туку работа – чесна, одговорна и посветена. 🙌
👉 Бесплатна партиципација за сите деца во градинките
👉 70% субвенциониран оброк за учениците
👉 Реновирани училишта и градинки
👉 Чиста, зелена и здрава средина
👉 Поддршка за младите, пензионерите и ранливите категории
🟦Ова е наш момент! Не јас – туку ние! 💪
Со интегритет, работа и љубов кон заедницата – ќе ја вратиме вербата во Кисела Вода.”
🟥Да живее Кисела Вода! ❤️

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство