МИСОВСКИ И МИРАКОВСКА НА ПРОМОТИВНАТА ТРИБИНА ВО ЗЕЛЕНИКОВО

3 октомври, 2025
Претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Горан Мисовски, заедно со потпретседателката Соња Мираковска, претседателот на НСДП-Зелениково Томе Неделковски присуствуваа на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Зелениково, Борче Гиевски и советничката листа на која на место број 2 кандидат од Нова Социјалдемократска Партија е Теодора Неделковска.
Денес од Зелениково повикуваме на обединување и сплотување во борбата за нашиот дом.
Цените растат, а платите се намалуваат.
Граѓаните се осиромашени, игнорирани и обесправени.
Нема реформи, нема инвестиции, нема решени проблеми.
Власта на ВМРО-ДПМНЕ живее во ПР свет, додека народот живее во сурова реалност.
Затоа овие избори мора да бидат пресвртница. Излегуваме пред вас со чесна понуда со Борче Гиевски и тимот на СДСМ, НСДП и коалицијата.
За четири години Борче направи многу повеќе од сите претходни градоначалници, нови патишта, реконструирана градинка, водоводи и канализации, улично осветлување.
Во изминативе 4 години на власт на ДПМНЕ Зелениково стагнира. Ветувањата останаа само на хартија.
Но Зелениково повторно ќе чекори по патот на успехот со Борче и Ивана со советничката листа на СДСМ и Коалицијата.
Борче има јасна визија и реални проекти кои ќе донесат подобар живот за секој жител на Зелениково.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство