2 октомври, 2025
Секоја средба со раководството на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, е настан вреден за паметење.
Безрезервно ја поддржувам работата на прилепскиот Сојуз на борци и се радувам на големиот број наши сограѓани кои ја почитуваат и продолжуваат традицијата на партизанското движење и антифашистичката револуција, чиј резултат е конституирањето на македонската држава во 1944 година.
Сојузот на борци е потсетник за вредностите кои и денес треба да ги чуваме и почитуваме!









