1 октомври, 2025
Денес кандидатот за советник од НСДП, Горан Младеновски и кандидатот за градоначалник Даниел Крстеваки разговараа со граѓаните на зелениот пазар во Ранковце.

На 19 октомври граѓаните на Ранковце ќе дадат подршка за СДСМ и НСДП, за луѓе кои имаат визија, енергија, знаење и план како домаќински и одговорно да ја развиваат општина Ранковце.
Поранешниот градоначалник Момчило Алексовски е пример за домаќинско управување на општината. Човек кој ја стабилизираше општината, ја градеше кога целата централна власт ја блокираше. Но со мудрост, со знаење и пред се чесно реализираше многу проекти во неговиот мандат.
Денес ја дава поддршката на Даниел Крстовски и советничката листа, како човек кој е пример за тоа каков треба да биде идниот градоначалник.





