ЗВОНКО САМАРЏИОСКИ НА ПОЧЕТКОТ НА КАМПАЊАТА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ ЗАСАДИЈА ДРВЈА ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

1 октомври, 2025
Денеска кампањата за локални избори ја почнавме со работа – со садење дрвја во Паркот на Франкофонија како симболика за развој, одржливост и долгорочна грижа за Центар и за идните генерации. Во изминатите четири години со доверба од граѓаните создадовме нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, го развивавме Центар што го сакаме.
Заедно со центарци, повторно испишавме одлична програма за сите маала, улици и граѓани. Со нашиот центарски и најголем тим од 600тини волонтери и поддржувачи ќе влеземе во над 15 илјади домаќинства. Лично и со мојот одличен тим, сакаме да ви ги понудиме најдобрите решенија за сите барања и потреби.
Ветувам мирна и позитивна кампања. На останатите кандидати им посакувам среќа и желба да бидат дел од новата центарска култура која ја креиравме. Преку позитивна кампања да се натпреваруваме со идеи и проекти. Во Центар немало и не смее да има место за навреди и омаловажувања. Верувам дека граѓаните повторно ќе го изберат Центар што го сакаме!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство