30 септември, 2025
Во Куманово во посета на општинската организација на НСДП беа претседателот на НСДП, Горан Мисовски и генералниот секретар Мики Милковски, а на состанокот присуствуваа и потпретседателот на НСДП, Зоран Маневски и раководството на ОО НСДП-Куманово.

На состанокот беше формиран Општинскиот изборен штаб на НСДП-Куманово, а за шеф на штабот беше избрана Фросина Стевановиќ, секретар на општинската организација.
На локалните избори НСДП во Куманово настапува со два кандидати за советници на коалиционата листа предводена од СДСМ и тоа:
Благојче Јаќимовиќ на 2 место на коалиционата листа и
Катерина Ангеловска на место број 20.
Куманово е бастион на социјалдемократијата, град кој знае да направи вистински избор на градоначалник, а на овие избори тоа е Мартин Костовски и да избере советници кои се чесни, одговорни и луѓе со интегритет, кои се спремни да преземат одговорност за развој на градот.
Конечно Куманово има можност да го врати сјајот на град со многу зеленило, паркови, уредени и чисти улици, со модерна инфрастеуктура, кое единствено е можно доколку СДСМ и Коалицијата ја освојат довербата на граѓаните да го менаџираат градот.














