РЕГИОНАЛНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВАТА НА ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА 3

5 јуни, 2025

Во Штип се одржа регионална средба со раководствата на општинските организации на НСДП – Нова социјалдемократска партија во изборната единица 3, на која присуствуваа претседателот на НСДП Горан Мисовски и генералниот секретар Мики Милковски, како и потпретседателката Соња Мираковска, организацискиот секретар Венцо Вуинов и раководствата на општинските организации на НСДП од ИЕ.3.


НСДП активно се подготвува за учеството на претстојните локални избори во октомври оваа година, во тек е постапката за утврдување на кандидатите за советници во општинските совети.
На овие избори НСДП како и во минатото ќе предложи кандидати кои се препознатливи во градовите и општините, кои со своите активности во општественото делување се истакнати и препознаени во средините каде што живеат. Кандидати кои ги знаат локалните проблеми и кои имаат доволно искуство да допринесат за развојот на локалните заедници преку залагање и поддршка на проекти и предлагање на јавни политики кои допринесуваат за функционални и развиени општини.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство