
Вчера во Кавадарци се одржа средба на раководствата на општинските организации на НСДП од ИЕ.4 на која присуствуваше претседателот Горан Мисовски, заедно со потпретседателките Соња Мираковска и Јулијана Цековска, генералниот секретар Мики Милковски и организацискиот секретар Венцо Вуинов.
НСДП ја отпочна постапката за утврдување на кандидатите за советници во општините и на претстојните локални избори ќе понуди личности кои се препознатливи со своите активности и нивното општествено делување, кандидати кои имаат интегритет и доследно ги спроведуваат програмските определби на НСДП. НСДП ќе понуди кандидати кои во своето политичко делување се борат за солидарноста, еднаквоста, слободата, почитувањето на демократските принципи, се залагаат за поддршка на локални проекти кои носат добробит на сите граѓани. – истакна претседателот Мисовски.
Најголем дел од општините во мандатот 2021-2025 се раководени од сегашната владеачка гарнитура и граѓаните очигледно не се задоволни од хаосот кој владее во локалните самоуправи. Општините лошо се справуваат со секојдневните проблеми кои ги мачат жителите, лошо го менаџираат локалниот развој, а јавните претпријатија се презадолжени и многу тешко функционираат, неможејќи да испорачаат квалитетни услуги.
Во месец октомври коалицијата од која е дел НСДП ќе излезе со реална и остварлива програма која ќе произлезе од потребите на граѓаните и ќе понуди кандидати за советници и градоначалници кои имаат визија и храброст да се борат за развој на општините и тоа ќе го прават слушајќи ги потребите на граѓаните.














