25 април, 2025

Вчера и денес пратеничката Соња Мираковска со дел од членовите на Мешовитиот парламентарен комитет беше во работна посета на Европскиот парламент во Брисел.
Разговаравме за драфт Резолуцијата за напредокот на Република Северна Македонија за 2023-2024.
Се сретнавме со Известителот за МК Томас Ваиц, Ко -претседавсчит на парламентарната делегација ЕУ-МК Карло Реслер, Известителот во сенка за МК Матеј Тонин од политичката група ЕПП, Известителот во сенка за МК Антонио Тангер Кореа од политичката група ЕЦР, ЕУ пратеникот Матјаж Немец од политичката група S&D, ЕУ пратеничката Марион Валсман од политичката група ЕПП и ЕУ пратеничката Сунчана Главак од политичката група ЕПП.






