1 декември, 2024

Денес во Скопје во хотел Хилтон НСДП ја одржа 12 седница на Централниот одбор.
Седницата беше во два дела, работен дел во кој членовите на Централниот одбор дискутираа за актуелната политичка ситуација во државата.
Во свечениот дел членовите на Централниот одбор ја одбележаа 19 годишнината од формирањето на партијата.
На седницата се обрати претседателот на партијата Горан Мисовски кој го честиташе роденденот, направи ретроспектива на развојот на партијата од основањето до денес, со сите успеси и предизвици кои ги имаше низ годините. НСДП е партија за која државните интереси секогаш се во прв план, борбата за работничките и социјалните права е фокус на политичко делување од кој НСДП не отстапува. Како партија продолжуваме да бидеме критичар на лошите политики на власта. НСДП 19 години опстојува на политичката сцена и е значаен фактор во сите политички случувања во државата. На тој пат продолжуваме уште посилно, чесно и одговорно.


































