25 декември, 2024
Денеска новоформираната Работната група за следење на имплементацијата на Законот за матична евиденција при Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го одржа првиот состанок во овој мандат, а со работната група претседаваше пратеничката Соња Мираковска.

На состанокот покрај дел од членовите на работната група присуствуваа и претставници на МВР, Управата за матична евиденција, невладините организации Млади правници и Амбрела, УНИХЦР и УНИЦЕФ.
Се споделија информации за состојбата со лицата без документи.Очекуваме дека оваа соработка и координација следната година ќе резултира со решавање на сите случаи на лица без документи.






