Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

1 март, 2025
Денеска, во седиштето на СДСМ, се одржа средба на лидерите на партиите од коалицијата на која присуствуваа претседателот на НСДП Горан Мисовски и потпретседателката Соња Мираковска, на која се разговараше за актуелната политичка состојба и потребата од нов меѓукоалициски договор и потпишување на нова платформа за соработка.
Заклучокот од средбата е дека власта за само девет месеци ги разочара граѓаните, го уништи животниот стандард и ги запре покачувањата на платите. Сите лидери посочија дека економската состојба драматично се влошува, а ВМРО-ДПМНЕ со лошите политики креира економска криза и инфлација која го јаде стандардот. Коалиционите партнери заклучија дека има целосен застој и блокада во евроинтеграции на државата, а последните одлуки во меѓународната политика покажуваат скршнување од стратешкиот курс што може да биде закана по стабилноста на земјата.
Како одговор на овие предизвици, коалицијата предводена од СДСМ одлучи дека мора го зацврстува единството, да ја постави соработката на повисоко ниво и да покаже јасна подготвеност за сите идни политички предизвици, вклучително и за претстојните избори.
Со договорот кој ќе се потише наскоро ќе се потврди дека коалицијата останува стабилна, организирана и посветена на заштитата на националните интереси и обезбедување на политичка стабилност. На состанокот лидерите на партиите јасно ја истакнаа заложбата за демократските вредности, владеењето на правото и почитувањето на Уставот на Република Северна Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство