Врз основа на член 39 став 1 алинеја 18 и 44 од Статутот на НСДП, на предлог на Претседателот на НСДП, Централниот одбор на Втората седница одржана на 18.09.2022 година донесе
ОДЛУКА
за формирање Комисии на НСДП
и избор на претседатели на комисиите
I.Се формираат Комисии на НСДП како советодавни тела на Извршниот одбор на НСДП за извршување на задачи од различни области на општественото живеење и се избираат претседатели кои ќе раководат со комисиите:
1.– Комисија за право и законодавство;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Маја Стојковска – дипломиран правник, адвокат од Скопје
2.– Комисија за политички систем;
ПРЕТСЕДАТЕЛ – дипломиран политиколог од Прилип
3.– Комисија за одбрана и безбедност;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Ристе Спасовски – раководител на сектор во Министерството за одбрана од Тетово
4.– Комисија за економија и финансии;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Стојанче Лазаров – дипломиран економист, приватен стопанственик, од Виница;
5.– Комисија за енергетика и обновливи извори на енергија;
ПРЕТСЕДАТЕЛ –
6.– Комисија за здравство;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Сунчица Јосифова – д-р по инфективни болести вработена во општа болница во Куманово
7.– Комисија за телекомуникации и електронски комуникации;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Влатко Ристовски – со долгогодишно искуство во приватен сектор во област на телекомуникации и електронски комуникации од Крива Паланка
8.– Комисија за информатичко општество и дигитализација;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА –
9.– Комисија за локална самоуправа и политики за Град Скопје;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Зоран Георгиевски – член на Советот на Град Скопје
10.– Комисија за политики за родова еднаквост;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Фросина Стевановиќ – дипломиран правник од Куманово
11.–Комисија за транспарентност, информирање и комуникација со јавност;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Александра Мицевска Митовска – дипломирана по новинарство, член на Надзорниот одбор на МИА
12.– Комисија за политики за транспорт, градежништво, урбанизам и комунални дејности;
ПРЕТСЕДАТЕЛ м-р Ненад Коковиќ дипломиран архитект од Скопје
13.– Комисија за животната средина и природни ресурси;
ПРЕТСЕДАТЕЛ д-р Науаф Баара – доктор на науки по геологија, директор на Геолошки завод од Тетово.
14.– Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Бобан Лекоски – дипломиран правник, вработен во ХЕЦ Маврово од Гостивар;
15.– Комисија за култура и уметност;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Миќо Стојчески – дипломиран етнолог, директор на НУ „Музеј на тетовскиот крај“ од Тетово
16.– Комисија за младински политики и спорт;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Иван Трајковски – студент од Скопје
17.– Комисија за труд и социјална политика и унапредување на права на маргинализирани групи;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Даниела Ивановска – дипломиран правник, вработена во ПЕ на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од Кавадарци
18.– Комисија за европски интеграции, надворешна и меѓународна политика;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Марјан Дамјановски – дипломиран политиколог од Скопје
19.– Комисија за рурален развој и туризам;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Благоја Гроздановски – дипломиран машински инжинер од Охрид
20.– Комисија за образование и наука;
ПРЕТСЕДАТЕЛКА Гордана Кожуваровска – магистер по сообраќајни науки, Професор по сообраќајни стручни предмети во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ и претседателка на РСБСП, од Битола
21.– Комисија за соработка со невладини организации;
ПРЕТСЕДАТЕЛ Ненад Арсовски – дипломиран економист од Скопје
- Комисиите се советодавни тела на Извршниот одбор на НСДП кои ги имаат следните надлежности:
-помагаат во заземањето на ставови по прашања од работата на партијата и учествува во градењето и извршувањето на експертските активности на партијата;
– ги реализираат заклучоците и ставовите на Извршниот одбор што се однесуваат на стручното мислење на партијата;
– ги разгледуваат иницијативите, предлозите, мислењата и молбите што се упатени до НСДП, а што се однесуваат на експертските и стручни прашања.
III.Со комисиите раководат претседателите на комисиите.
- Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
Централен одбор на НСДП,
претседавач – претседател на НСДП
Горан Мисовски





