ПРОГРАМАТА ВО ПРИЛОГ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
ЗОШТО ОДЛУЧИВ ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП?
Почитувани делегати!
Петтиот Конгрес на НСДП е Конгрес на зрелост и враќање кон вредностите втемелени со основањето на НСДП.
Со мојата програма за делување на НСДП во следниот 4 годишен мандат, сакам да Ви претставам како ќе ја водам НСДП доколку ја добијам вашата доверба.
Силно ќе се залагам за одговорен пристап кон НСДП од страна на сите нејзини функционери и ќе се залагам за единствено статутарно делување на НСДП.
Во целост ги прифаќам идеолошките програмски определби на НСДП и за нивно претставување и реализирање ќе се вложам енергично во следниот период.
НСДП треба да остане државотворна партија, како што тоа го докажа и до сега, давајќи го својот придонес за влез на Република Северна Македонија во НАТО сојузот.
Ќе останеме на патот трасиран кон ЕУ како наша стратешка цел и единствен пат кој може да им донесе благосостојба на нашите граѓани.
Со почит,
Ваш,
Горан Мисовски