Трајковски од Виница: Без загрозување на здравјето на граѓаните до целосно легитимни институции

9 јули, 2020

„На 15 јули со строго почитување на протоколите на гласање, на сосема безбеден начин, без загрозување на здравјето можеме да дојдеме до целосно легитимни институции“, порача пред дел од членовите на НСДП во Виница, Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

Тој истакна дека граѓаните нема причина да стравуваат од изборниот ден, затоа што државата изминативе неколку месеци покажа дека има капацитете да се носи со сите предизвици кои пандемијата ги постави во однос на здравјето на граѓаните и функционирањето на институциите.

„Граѓаните може да се уверат дека е голема разликата помеѓу коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер со криење по кафеани и теретани даде пример како не се води грижа за здравјето  на граѓаните“, рече Трајковски.

Трајковски изрази задоволство што членовите на НСДП во текот на предизборните активности строго и одговорно се придржуваат до мерките за заштита и спречување на ширење на епидемијата на корона вирусот.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство