Министерката Апостолска се сретна со хрватската амбасадорка Баришиќ

13 јуни, 2018

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.

hr1

На средбата се разговараше за економско-трговските релации помеѓу двете земји, за можностите кои Македонија ги нуди за инвеститорите и нивното искористување од страна на хрватски компании.

Информирајќи ја амбасадорката за поддршката која компаниите може да ја очекуваат од Владата, од страна на министерката Апостолска беше истакнато дека со донесувањето на Законот за финансиска поддршка за инвестициите и правилниците за аплицирање се заокружи правната регулатива и се нуди правна сигурност за секој потенцијален инвеститор.

На средбата стана збор за успешни хрватски компании кои работат во Македонија, при што заеднички беше констатирано дека нивното искуство може да биде позитивен сигнал и за други хрватски компании да започнат да размислуваат за реализација на инвестиции во земјава.

Во насока на понатамошно развивање на економската соработка помеѓу двете држави, на средбата се разговараше и за конкретни бизнис настани во Хрватска, а на кои министерката Апостолска би имала можност да ги претстави условите за инвестирање во Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство